Професионални, брзи и ефикасни услуги за поголем успех.
Друштво за ревизија, сметководство и даночен консалтинг АУДИТ ГРУП ДООЕЛ Куманово со седиште на ул. Доне Божинов бр.24/А-2 Куманово е запишано во Единствен трговски регистар- регистар на други правни лица врз основа на Решение од Централен Регистар на Република Северна Македонија од 29.09.2020.
Друштвото Аудит Груп ДООЕЛ поседува лиценца за вршење на работи на ревизија на Друштво за ревизија со регистарски број:34, издадена од Советот за унапредување и надзор на ревијата на Република Северна Македонија.
Друштвото и овластените ревизори на Друштвото се членови на Институтот на Овластени ревизори на Република Северна Македонија.
Друштвото е член на Институтот на сметководители и овластени сметководители на република северна македонија поседува лиценца за вршење на сметководствени работи.